Пред воспоставување повик:
- Вклучете го телефонот.
- Ако екранот и копчињата на телефонот се заклучени, отклучете ги.
- Поместете се на место со соодветна јачина на сигналот.
На почетниот екран, допрете на phone.
- Внесете го официјалниот број за итни случаи што важи за местото каде што се наоѓате во моментот. Броевите за итни повици се разликуваат според локацијата.
- Допрете на phone.
- Наведете ги потребните информации колку што е можно поточно. Не прекинувајте го повикот додека не добиете дозвола да го направите тоа.
Можеби ќе треба да го направите и следново:
- Да ставите SIM-картичка во телефонот. Доколку немате SIM-картичка, на заклучениот екран допрете на Итен повик.
- Доколку телефонот бара да внесете ПИН-код, допрете на Итен повик.
- Исклучете ги ограничувањата за повици во телефонот, како што се забраните на повик, фиксното бирање или затворената група.
- Доколку мобилната мрежа не е достапна, може да се обидете да направите повик преку интернет, ако имате пристап до интернет.